Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, изразувајќи желба за успешни настапи во предстоечките квалификации за Светскиот куп 2027.
Македонските кошаркарски репрезентативци моментално се подготвуваат во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи за втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп, која е закажана за август.
На покана од претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Тони Главчев, министерот Ристовски присуствуваше на попладневниот тренинг на машката сениорска репрезентација, со желба за успешен настап во августовските квалификации.
Во текот на својата посета, како што информираше МКФ, министерот имал можност да ги разгледа условите кои спортскиот комплекс „НБ Ноел“ им ги понудува за подготовките на македонските репрезентативци.




