Милијана Рељиќ се приближува до Олимписките игри во Лос Анџелес

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ продолжува да ја освојува сцената, откако освои нов медал на реномираниот меѓународен турнир во Инсбрук, Австрија.

Со новите поени, Рељиќ се наближува кон учество на Олимписките игри.

Нејзиниот тренер, Александар Ефтимов, изрази задоволство и гордост за успехот на членовите на клубот.

„Како нејзин тренер, ги гледам нејзините напори, посветеност и дисциплина. Секој тренинг, секоја борба, секој пад и враќање назад – сето тоа е дел од патот до Олимписките игри 2028 година во Лос Анџелес“, истакна Ефтимов.

Вистинска инспирација! Сега продолжуваме со иста страст и уште поголема мотивација, додаде тој.