САД ја почитуваат одлуката на Уставаниот суд на Романија за поништување на резултатот од претседателските избори во земјата, соопшти синоќа Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
-Соединетите Американски Држави го поддржуваат романскиот народ кој се соочува со ситуација без преседан околу интегритетот на нивните избори… Интегритетот на изборите во Романија е од првостепено значење по макотрпно градената демократија на Романците… Тоа е избор на романскиот народ. Ниту една друга земја или странски субјект нема право на тоа, се наведува во изјавата на Милер.
Тој истакна дека „Соединетите Американски Држави ја потврдуваат својата доверба во демократските институции и процеси во Романија, вклучувајќи ги истрагите за странско злонамерно влијание“.
Портпаролот на Стејт департментот повика на подршка на „уставниот поредок на Романија“ и сите да учествуваат во „мирен демократски процес, без закани од насилство и заплашување, како одраз на демократската волја на романскиот народ“.
На првиот круг на изборите што се одржа на 24 ноември, прво место освои Калин Георгеску, кандидат кој се залага Романија да прекине со помошта за Украина.
Од документи објавени во средата од страна на високиот совет за национална безбедност на земјата, се дознава деказа време на изборната кампања Романија била изложена на „агресивни хибридни напади“ од Русија.
Тајната служба соопшти дека податоците за пристап до официјалните романски изборни сајтови биле објавени на руски платформи.
Според познавачите, судот може да не дозволи повторна кандидатура на Калин Џорџеску.