Мијалков ги отфрли наводите за сопственост на земјиште во Морани.

Неосновани обвинувања кон Сашо Мијалков

Адвокатската канцеларија што го застапува поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, јасно и категорично ги одфрла тврдењата дека тој некогаш поседувал земјиште во Морани. „Вистината е дека никогаш не сум го имал во сопственост и немам никаква поврзаност со тоа земјиште, поради што не можело да ми биде конфискувано. Ова уште еднаш го потврдувам по објавувањето на претходната понуда“, изјави Мијалков преку својот правен тим.

Нашата редакција упатува извинување доколку објавата оставила погрешен впечаток кај читателите, создавајќи впечаток дека овој недвижен имот бил во сопственост на некогашниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање.