Неопходна ревизија на академскиот сектор
Откако во 2018 година беше усвоен Законот за високо образование, нашите универзитети бележат опаѓање во меѓународните рангирања. Академскиот кадар изразува потреба за повисоки плати, но во замена, не пријавуваат ниеден научен труд годишно. Оваа ситуација не може да продолжи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека „импровизираат“…
Премиерот посочи дека е потребно да се воведат нови правила во академскиот сектор, со цел да се подигне квалитетот на образованието и да се стимулираат професорите да се вклучат во истражувачка работа.



