Мицкоски: Коцевски доби шанса како ниту еден негов претходник, но за возврат не добивме резултати

„Ние имаме комотно мнозинство ако сакаме да го разрешиме од таа позиција. Но, ние не сме како што тоа го праваше СДСМ во 2017 година кога по секоја цена беше разрешен државниот јавен обвинител и на тој начин да покрене политички процеси против тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Одлучивме да бидеме над ситуацијата, да размислувамее надвор од политичката матрица и да дадеме шанса. И што добивме? И навистина трпението на граѓаните им е при крај, но и нашето“, рече премиерот при неговата денешна посета на Општина Јегуновце

Државниот јавен обвинител, господинот Љупчо Коцевски доби шанса и плеќа како никој негов претходник, а за возврат добивме стотици истраги, процеси и обвинители, што кога треба да стават потпис на налог за увид, за претрес, за лишување од слобода наеднаш добиваат грозница, покачена температура, дијареа, анксиозност или се трудат на кој било начин да го опструираат процесот. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски рече дека се неосновани неговите обвинувања дека обвинители не си ја вршеле работата под изговор дека имаат здравствени проблеми, како дијареа, покачена температура и анксиозност. 

Од посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Општина Јегуновце / Фото: Влада

„Ние имаме комотно мнозинство ако сакаме да го разрешиме од таа позиција. Но, ние не сме како што тоа го праваше СДСМ во 2017 година кога по секоја цена беше разрешен државниот јавен обвинител и на тој начин да покрене политички процеси против тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Одлучивме да бидеме над ситуацијата, да размислувамее надвор од политичката матрица и да дадеме шанса. И што добивме? И навистина трпението на граѓаните им е при крај, но и нашето“,

рече тој.

Според него, граѓаните и забележуваат на Владата дека навремено не се спроведува правдата.

„Спроведувате реформи, но овие што крадат уште се шетаат слободни, уживаат во скапи возила, ги гледаме на егзотични деестинации. А вие ништо не направивте. И со право ја кажуваат таа критика. Граѓаните треба да знаат дека во случајот сме немоќни, бидејќи меѓу нас и правдата има две институции, а тоа се обвинителите и судиите. Овој обвинител го избра претходното мнозинство во парламентот на СДСМ и ДУИ. Овие обвинители што се негови потчинети се избрани од тефтерчињата на две локации. И кога е така, единствено што преостанува е да се борите и ќе се бориме. Досега покажавме дека во тие борби победува. И оваа борба ќе ја добиеме, а правдата ќе дојде“,

вели премиерот.

Прашан да даде коментар за изјавата на републичкиот обвинител дека станува збор за само еден изолиран случај на обвинител кој поради вирус не можел да ги исполнува работните обврски, Мицкоски посочи дека тој што се огрешил треба да одговара пред законот.

„Не треба да сте многу вешти во истрагите. Само треба да прошетаме на неколку десетици локации и се ќе ви стане јасно како луѓе од гостари станаа милионери. И тоа на грбот на народот. Ако ништо повеќе, треба барем да им дадете шанса да докажат дека го стекнале тоа богатство на чесен начин. Но, ние и тоа не можеме, бидејќи на првата станица сме блокирани како извршна власт“,

кажа Мицкоски.

Според него, секој што се огрешил пред законот, треба да го добие заслуженото, без разлика од која политичка партија е, националност или вера.

„На што ќе личам јас кога сум велел дека и роденан сестра ако се огрешила пред законот, ќе одговара, а од друга страна, еве, шести месец супер работиме, ама нема правда. А зошто нема? Зашто овие имаат дијареа, анксиозност, покачена температура и наеднаш грчеви во цревата“,

рече тој.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека се неосновани обвинувањата на премиерот дека обвинители не си ја вршеле работата под изговор дека имаат здравствени проблеми, како дијареа, покачена температура и анксиозност. Според него, имало само еден случај во кој обвинител не отишол на закажан состанок бидејќи имал вирус, но по неколку дена одржал неколку состаноци со надлежните служби од полицијата за координација по одредени предмети.  

Инаку, премиерот Мицкоски, како во предизборието така и по добивањето на изборите и формирањето на новата влада, во повеќе наврати говореше дека нема да се откаже од идејата за распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители доколку не добие подобри идеи за реформи во овие две тела. 

- Реклама -