Премиерот Христијан Мицкоски испрати честитка по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека стратешкото партнерство со САД е засновано на заеднички принципи и меѓусебна почит.
“Овој ден е симбол на слободата, демократијата и стремежот кон подобро утре, вредности кои и ние ги цениме и кон кои тежнееме. Нашето стратешко партнерство со Соединетите Држави е основано на заеднички принципи и уважување на меѓусебните интереси. Искрено сме благодарни за континуираната поддршка која САД ја даваат на македонските реформски усилија, безбедносната стабилност и евроатлантската интеграција. Нека 4-ти Јули биде потсетник дека заедно, како пријатели, партнери и сојузници, можемe да создадеме послободен, побезбеден и попроцветен свет,” напиша Мицкоски на Фејсбук.