Меркел: Шансите за постигнување едногласна одлука на ЕУ-самитот не се добри

Германската канцеларка Ангела Меркел во германскиот парламент, Бундестагот, даде владина изјава, а на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Шансите за постигнување едногласна одлука на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија не се добри, призна германската канцеларка.

Таа повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија. Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балкан е во интерес на Германија и на самата ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, истакна Меркел, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ.

Повеќе на Дојче Веле.

 

 

- Реклама -