Мерит-системот станува стандард: Раководните позиции се поврзуваат со знаење, одговорност и достигнувања.

Министерството за јавна администрација денес го започна процесот на јавна дискусија за нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите. Овој реформски закон воведува единствена, јасна и мерит-базирана структура за уредување на највисоките раководни функции во администрацијата. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, нагласи дека целта на законот е…