Мерц предупреди дека царинскиот договор помеѓу ЕУ и САД ќе ѝ нанесе сериозна штета на германската економија.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази загриженост дека постигнатиот компромис во царинскиот спор помеѓу Европската Унија и САД ќе има значително негативно влијание на германската економија, која е фокусирана на извоз.

– Царините ќе предизвикаат значителни загуби за германската економија, истакна Мерц по завршувањето на состанокот на Кабинетот за безбедност во Берлин.

Тој напомена и дека последиците нема да се ограничат само на Германија и Европа. „Ќе ги почувствуваме ефектите од оваа трговска политика и во Америка“, додаде тој.

Според неговите зборови, не само што ќе се зголеми инфлацијата, туку ќе дојде и до целосно нарушување на трансатлантската трговија.

– Според моето уверување, овие царини не се во интерес на САД. Времето ќе покаже, рече тој.

Според договорот, САД планираат да воведат царини од 15% на повеќето увози од Европската Унија, што вклучува и автомобили, полупроводници и фармацевтски производи. За одредени стоки, како алуминиум и челик, царините ќе останат на 50%.

– Не сум задоволен од овој исход, нагласи Мерц. Сепак, „во очигледно нема можност за подобар резултат“, додаде тој.

Мерц ѝ се заблагодари на Европската комисија за нејзините непоколебливи напори во преговорите со американските власти.

– Лично, не очекував повеќе од ова, но повторно, не сме среќни со резултатот, иако е најдоброто што можеше да се постигне во овие околности, заврши тој.