Германскиот канцелар Фридрих Мерц и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес остварија телефонски разговор во кој дискутираа за своите настојувања за посредување во конфликтот помеѓу Израел и Иран. Тие изразија намера да продолжат со детално информирање за оваа тема, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус.
Разговорот се одржа кратко пред состанокот на министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија, кои се сретнаа со иранскиот колега Абас Аракчи во Женева.
„Нема простор за преговори со нас додека не се запре израелската агресија“, истакна Аракчи пред почетокот на разговорите во Женева.




