Фудбалскиот клуб Милан и голманот Мајк Мењон постигнаа договор за продолжување на нивната соработка.
Според извештаите од италијанските медиуми, францускиот чувар на мрежата веќе се согласил со Милан на вербално ниво и наскоро ќе стави потпис на нов договор што ќе трае до 2028 година.
Според новите услови, Мењон ќе инкасира пет милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси. Очекувањата се дека во наредните недели официјално ќе биде потпишан новиот договор.
Французинот пристигна во редовите на Милан во летото 2021 година од Лил, во трансфер вреден 16 милиони евра.
Со продолжувањето на соработката, Милан ја обезбедува голманската позиција за години нанапред, земајќи предвид дека актуелниот договор на Мењон беше со важност до летото 2026 година.




