Меѓународната вселенска станица ќе биде урната во Точката Немо во Тихиот океан во 2030 година

Меѓународната вселенска станица е планирано да заврши со работа во 2030 година, а потоа е планирано таа контролирано да биде урната на Земјата.

Првиот дел од МВС беше испратен во вселената на 20 ноември 1998 година, а на 2 ноември 2000 година првиот екипаж од астронаути и космонати започна да живее таму.

Но, по 30 години работа, МВС ќе биде испратена да се урне во Тихиот океан. Главната причина за тоа е што станицата и нејзините системи не може да бидат надоградени и ажурирани.

Токму затоа, НАСА веќе има договор со SpaceX, вреден над 800 милиони долари, за вселенско летало да ја „турне“ МВС кон Точката Немо во Пацификот.

Точката Немо е сместена во Тихиот Океан и тоа е најоддалечената и најизолирана точка на Земјата, далеку од која било земја (околу 2.600 километри).

Прочитајте и:  Европската вселенска агенција лансираше сонда како дел од мисијата за одбрана на Земјата од астероиди

Тоа место на планетата е откриено во 1992 година од страна на истражувачот Хрвоје Лукатала, а името го добило по капетанот Немо од познатиот роман на Жил Верн „2.000 милји под морето“.

Точката се наоѓа на 48°52,6′ јужна географска ширина и 123°23,6′ западна географска должина.

Најблиску до оваа точка се островот Дучи и островот Моту Нуи во близина на Велигденските Острови. Најблиското населено место е оддалечено околу 2.700 километри.

Доста често човекот кој е најблиску до Точката Немо се астронаутите во Меѓународната вселенска станица кога прелетуваат над Пацификот.

НАСА доста често ја користи оваа точка како мета за „погребување“ на нефункционалните вселенски сателити. Според некои статистики, тука досега се „погребани“ околу 300 сателити.

- Реклама -