Првиот вицепремиер, Изет Меџити, во интервју за емисијата „Дијалог во Лајм“ изјави дека темата за промена на државниот грб не била дел од договорот меѓу владината коалиција и ВМРО-ДПМНЕ и дека Владата не ја смета за приоритет. Сепак, тој истакна дека коалицијата ВЛЕН е отворена за разговори по сите прашања. Според неговото мислење, доколку се покрене иницијатива за промена на грбот како симбол на комунистичкото минато, тогаш неопходно е да се разгледа и можноста за ревидирање на химната, со цел нејзино усогласување со современите вредности и европските принципи.
„Ако се смета дека грбот е наследство од комунистичкиот период,тогаш и химната треба да се адаптира. Таа може да остане само како мелодија, без текст, или нејзиниот текст да претрпи измени.Нашата коалиција е подготвена да ги разгледа овие прашања во еден поширок пакет, кој би вклучувал и одредени измени поврзани со употребата на албанскиот јазик“, изјави Меџити.