Ова е 23. стручен симпозиум на медицинските сестри од различни области, а исто така и втор симпозиум за медицинските сестри од превентивната здравствена заштита. Важно е да се нагласи дека медицинските сестри не можат да бидат представувани од други професии во институциите каде што се носат одлуките. Најголемиот предизвик остануваат договорите за работа.
„Нашите искуства и податоци покажуваат дека во регионот и европските рамки, условите не се задоволителни. Потребно е постојано да се организираат конкурси за работа, а не да се чека со години за статус на договор. Овој процес се одвива со години и ја нарушува достоинството на медицинските сестри. Големите стручни симпозиуми потврдуваат дека медицинските сестри се експерти во своите области“, истакна Бешлиовска.
Македонските медицински сестри треба да имаат можности за кариерен развој и да учествуваат во образовните процеси. Им е потребна сопствена автономност за да можат да донесуваат одлуки. За тоа, потребен е Закон специфичен за нив, како и своја Комора и дефинирани компетенции.
„Лекарската комора не само што треба да ни обезбеди целосна поддршка, туку треба и да ни овозможи да учествуваме во институционалните комисији и да бидеме дел од одлуките кои се однесуваат на медицинските сестри“, нагласи Бешлиовска.
Професор Нико Пеќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје смета дека медицинските сестри биле, се и ќе бидат основата на нашиот здравствен систем.
„За да здравствениот систем не биде парализиран, медицинските сестри мораат да добијат своето заслужено место, бидејќи тие се главните лица кои се грижат за пациентите. Со нивното признавање, се враќа и достоинството на лекарите. Здравствената професија е хумана, но тоа не значи дека здравствените работници треба да бидат занемарувани“, нагласи Пеќаровски на денешниот симпозиум во Прилеп, посветен на медицинските сестри од примарната здравствена заштита.


