Мбапе се откажува од тужбата!

Откако го напушти Пари Сен Жермен, вниманието јавноста беше насочено кон конфликтот помеѓу Килијан Мбапе и францускиот клуб.

Сè започна со барањето на Мбапе за исплата на средствата за лојалност, кои ПСЖ сметаше дека не ги заслужува бидејќи не го продолжи договорот и реши да премине во Реал Мадрид.

Во последно време се појавија информации дека францускиот напаѓач поднел тужба за психичко вознемирување против „светците“.

Меѓутоа, новите вести укажуваат на подобрување на односите помеѓу Мбапе и неговиот поранешен клуб, а тој одлучил да се откаже од тужбата.