Маж загина додека работеше на градежни активности

На 22 август 2025 година, околу 17:15 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар се пријавило дека во атарот на селото Ѓоновица и селото Симница, за време на изведување градежни работи од страна на приватна компанија на новопланираниот автопат, загинал 60-годишниот Д.П. од селото Врапчиште, општина Врапчиште.

Лекар од приватна здравствена установа потврдил смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било испратено на обдукција.