Мазда подготвува конкурент на Ауди А5

Наскоро Мазда на пазарот лансира ново купе, кое ќе му конкурира на моделот Audi A5. Ова го соопштија повеќе светски медиуми, од извори блиски на компанијата, а според нив новата купе верзија на Mazda6 ќе се појави на пазарот во почетокот на 2014 година.

Најмоќниот мотор што ќе се нуди во новиот модел е турбо дизелскиот агрегат со зафатнина од 2.2 литри и моќност од 175 КЅ. Овој мотор ќе биде достапен само за верзијата Sport. Во подоцнежна фаза ќе се појави и кај набилданата верзија Mazda6 MPS, која ќе има и 2.0 литарски бензински мотор SkyActiv-G, со моќност од 265 КЅ и ќе биде со систем со погон на сите тркала.

Новата Mazda6 беше прикажана ова лето на салонот во Москва, по што се појави и пред публиката во Париз. Моделот се нуди во верзии седан и комби, а е опремен со бензински мотори SkyActiv-G и со дизел агрегати SkyActiv-D, кои се комбинирани со рачен или автоматски менувачи.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -