Мартин Томовски во екипата на годината во Германија

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски се истакна како клучен фактор во успешната сезона на Битигхајм, кој заврши на второто место на табелата и се врати во елитната Бундеслига.

Во текот на сезоната, Томовски одигра 31 натпревар и забележа 273 одбрани, со успешност од 31% на одбранети удари. Овие импресивни бројки му донесоа место меѓу најдобрите ракометари во лигата.

Неговото признание е доказ за одличната форма во која се наоѓа, а на веќе подолго време, тој е еден од најважните играчи во македонската репрезентација.

Прочитајте и:  Николоски: Девет милиони евра за инфраструктурни проекти во Велес