Марк Маркес победи и на трката во Муџело, а Бањаја се истакна со одлично возење.

Марк Маркез во фокусот на Муџело

Марк Маркез продолжи да владее во највисоката класа оваа сезона. Шпанскиот ас триумфираше на патеката во Муџело, оставајќи го зад себе својот помлад брат Алекс (Гресини) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Со оваа победа, Марк, еден од највлијателните возачи на сите времиња, го прослави својот 93-ти успех во кариерата и втор пат ја покори Муџело.

Во првите осум круга, трката на легендарната патека беше навистина возбудлива, со Марк, Алекс и Пеко Бањаја кои постојано се менуваа на водечката позиција. Во моментот кога Марк го престигна Алекс и постави доминација, дилемите околу победникот исчезнаа.

Во следните кругови, Бањаја се обиде да се пробие пред Алекс, но неговите напори беа безуспешни. Како што се приближуваше крајот на трката, Бањаја го намали темпото, што Диџанантонио го искористи и во предпоследниот круг се избори за третата позиција.

Несреќниот исход во Муџело веројатно го исфрли Бањаја од битката за шампионскиот трофеј. Во генералниот пласман, лидер е Марк Маркез, со 46 поени повеќе од Алекс Маркез и 97 од Бањаја.

Следната трка ќе се одржи во Асен, Холандија.