Подгответе се за вечер исполнета со длабоки емоции, извонредна музичка атмосфера и уникатниот глас на Мариза – една од најистакнатите изведувачки на фадо музиката во светот. Како дел од својата долгоочекувана турнеја, на 5 април годинава таа ќе настапи во Македонската филхармонија, носејќи ја магијата на португалската традиција во комбинација со современиот музички израз.
Мариза ја започнала својата музичка кариера во Лисабон пред повеќе од две децении.Нејзиниот голем пробив на меѓународната сцена дошол во 2001 година, со издавањето на албумот Fado em mim. Оттогаш, нејзиниот моќен и препознатлив вокал одекнува на некои од најпознатите светски сцени, како што се Olympia во Париз, Royal Festival Hall во Лондон и легендарниот carnegie Hall во Њујорк.
Оваа вечер ветува незаборавно искуство, каде што ќе можете да уживате во совршениот спој на традиционалното и модерното, меланхолијата на фадото и нејзината лична интерпретација што освојува срца низ целиот свет. Билетите се достапни преку платформата mktickets.mk.
Концертот се организира со поддршка од генералниот партнер, компанијата МТЕЛ.