Доцна синоќа стигна потврдата за еден од најзначајните трансфери во Премиер лигата оваа зима.
Она за што се шпекулираше во последните недели, сега доби официјална потврда – Антоан Семењо е новиот член на Манчестер Сити.
Фабрицио Романо, познатиот експерт за трансфери, објави дека сите документи меѓу клубот и фудбалерот биле потпишани. Семењо ќе потпише долгогодишен договор по завршувањето на медицинските прегледи утре.
Репрезентативецот на Гана имаше можност да избере помеѓу четири клуба. Првично, Челзи се повлекоа, а кога изгледаше дека ќе се одлучи за Ливерпул, тој сепак избра Манчестер, но не за Јунајтед, туку за Сити.
Борнмут ќе заработи вкупно 75.000.000 евра од овој трансфер.
Во тековната сезона, Семењо постигна девет гола и забележа три асистенции на 19 натпревари.
Фото/ depositphotos




