Во тетовското село Брвеница, деветгодишно момче било физички нападнато од малолетен сосед, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Според податоците, на 3 јуни, околу 19:40 часот, 45-годишен З.Ј. пријавил дека неговиот деветгодишен син бил нападнат во дворот на селската црква. Случајот е предаден на јавниот обвинител, а полицијата презема мерки за целосно истражување на настанот и утврдување на сите детали поврзани со инцидентот.




