Тоа дека најмалите најлесно се расплакуваат на сите ни е познато, но ова детенце што ви го претставуваме е шампион во плачење. Момчево се расплакува за секоја ситница, а еднаш успеало да ја збуни неговата мајка затоа што таа не можела да сфати што го растажило.
Мајката на ова преслатко момче поставила на својот блог на Tumblr низа фотографии на кои ни го покажува малиот плачко во разни ситуации.
Мајка му не му дозволила да внесе топка снег во куќата

Што се случува кога не смее да ја пие водата во која се бања

Чизмите на брат му му се големи и тоа го прави навистина тажен

Не разбира зошто вратата на фрижидерот е затворена

„Морам ли да пијам млеко, а не мојот омилен сок“

Баба му му забранила да растура вода по масата

Мајка му му објаснила дека фрлањето играчки по брат му не е исто што и делењето играчки со него

Играта со возови го исплашила премногу

Мајка му не му ја покажала доволно брзо фотографијата од него

Тобоганот не е доволно лизгав

Мајката еднаш морала да признае „Не знам зошто син ми плаче“
