Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изрази потреба за итен договор помеѓу Вашингтон и Техеран, нагласувајќи дека „ништо не може да го оправда актуелното зголемување на тензиите во јужен Либан“. На својот профил на Икс, Макрон сподели дека имал разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, султанот на Оман, Хајтам бин Тарик, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед, и претседателот на Египет.




