Македонските одбојкари обезбедија учество на четвртото Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација на вечерешниот натпревар во Скопје ја победи Грузија и обезбеди учество на Европското првенство 2026.

По четврти пат по ред, нашите играчи ќе се натпреваруваат на континенталната сцена.

„Црвено-жолтите“ достигнаа посакувана победа над Грузијците со резултат 3:0, по сетови 25:13, 25:16 и 25:17.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски завршија на второто место во Ф-групата и како едни од петте најдобро второпласирани екипи во квалификациите, патуваат на ЕП 2026.