На Европското првенство во Црна Гора, некои од нашите млади ракометарки кои учествуваа со репрезентацијата, беа дел од активноста под наслов „Почитувај го твојот талент“, организирана од Европската ракометна федерација.
Во спортската сала „Верде“ во Подгорица, присуствуваа: Софи Гошевска, Дарија Наумоска, Дона Тодоровска, Анастасија Трпеска и Михаела Кралева.
Оваа програма беше водење на некои од најдобрите ракометни играчи – Ана Грос, Катрин Лунде и Ана Вјахирева, кои ги споделија своите знаења и искуства со идните звезди на европскиот ракомет.
Клучни теми на настанот вклучуваа: одговорноста и личниот интегритет, балансирањето на личниот живот со професионалните обврски, како и важноста на менталната подготвеност и личен развој. Гордост ни е што нашите млади ракометарки учествуваат во иницијативи кои придонесуваат за развојот на спортот, не само како спортисти, туку и како индивидуи!




