Во седиштето на ФИБА во швајцарскиот град Мис, вечерва беше одржана жребка за составот на групите во претквалификациите за Европското првенство за кошаркарки, кое ќе се одржи во 2029 година.
Македонската репрезентација беше сместена во група Ц, заедно со тимовите на Романија и Естонија.
Тимовите кои ќе завршат како првопласирани во трите групи, како и најдобриот второпласиран, ќе обезбедат пласман во наредната фаза на натпреварувањето.
Претквалификации за Евробаскет 2029:
ГРУПА А: Швајцарија, Исланд, Азербејџан, Ирска
ГРУПА Б: БиХ, Норвешка, Кипар
ГРУПА Ц: Македонија, Романија, Естонија.




