Македонските кошаркарки ги открија противниците во квалификациите за Европското првенство 2027.

Во попладневните часови, во седиштето на ФИБА Европа во Минхен, се одржа жрепка за составот на групите за првиот квалификациски круг за Европското првенство за кошаркарки во 2027 година.

Македонија беше сместена во група Ф, каде што ќе се натпреварува со репрезентациите на Хрватска, Грција и Данска.

Квалификациите ќе се одвиваат од ноември 2025 година до март 2026 година. Победниците од групите, како и второпласираните, заедно со трите најдобри селекции според резултатите од првиот круг, вкупно 17, ќе го продолжат патот кон втората квалификациска рунда.

Репрезентациите што ќе бидат елиминирани во првата рунда ќе се преместат во претквалификациите за ФИБА Евробаскетот во 2029 година.

ГРУПА А
Босна и Херцеговина, Израел, Луксембург, Ирска

ГРУПА Б
Словенија, Летонија, Холандија, Естонија

ГРУПА Ц
Словачка, Полска, Романија, Кипар

ГРУПА Д
Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Австрија

ГРУПА Е
Црна Гора, Украина, Бугарија, Азербејџан

ГРУПА Ф
Грција, Хрватска, Данска, Македонија

ГРУПА Г
Србија, Португалија, Исланд

Женскиот Евробаскет 2027 ќе се одржи во Белгија, Шведска, Литванија и Финска, кои спаѓаат во групата Х.