Македонските кошаркари се подготвуваат во Баку

Македонските кошаркари, по победата над Луксембург во петокот, се подготвуваат за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскет 2029. Овој пат, тие ќе му се спротивстават на Азербејџан во гостински натпревар.

Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал утрово ја имаа првата тренинг-сесија во Баку, во салата каде што утре ќе се одржи мечот.

Македонскиот национален тим моментално е лидер во групата, со три победи од три натпревари. На првиот дуел во Скопје, тие лесно го совладаа Азербејџан со резултат 87:49 и сега се надеваат дека ќе ја потврдат фаворитската улога со нова победа во овие претквалификации.

Прочитајте и:  Стармер не планира да се повлече по изборниот неуспех: Не сакам да ја доведам земјата во хаос.