Македонските јуниори изгубија од Романија во пет сета на одбојкарската Балканијада

Машката репрезентација на Македонија до 19 години синоќа претрпе пораз од Романија со резултат 2:3 (25:19, 25:27, 30:28, 20:25, 12:15) во второто коло на Балканското првенство, кое се одржува во Бања Лука.

Иако резултатот не беше во наша корист, македонските млади одбојкари сè уште имаат шанси да се пласираат во полуфиналето. Овој успех ќе зависи од исходот на денешниот натпревар против Турција.

Мечот ќе стартува во 15:30 часот и е дел од завршното трето коло во групата А. Во претходното коло, Македонија успешно ја совлада домаќинот Босна и Херцеговина со 3:1.