Македонските фудбалери се собраа за дуелите со Белгија и Казахстан

Најдобрата фудбалска селекција на Македонија од денеска е во Скопје. Селекторот Благоја Милевски ги пречека играчите кои се најдоа на неговиот список за октомвриските натпревари.

Македонија како првопласирана во групата ги чека последните два од трите квалификациски натпревари за Светското првенство 2026-та.

Првиот и тоа голем испит ќе биде Белгија против која во Скопје одигравме храбро и освоивме бод (1-1).

Белгијците се втори на табелата со бод помалку од Македонија (11) и исто колку и Велс (10), но имаат натпревар помалку. Затоа овој натпревар е еден од најважните, свесни се во таборот на нашата селекција.

Дуелот со Белгија ќе се игра во Гент на 10 октомври, а на 13 октомври во Скопје ќе го пречекаме Казахстан. Во последното коло Македонија во ноември (18) ќе гостува кај Велс.

Тимот е безмалку ист во однос на претходните натпревари, па во позитивна атмосфера, избраници на Милевски попладнево ќе го одржат првиот тренинг.