Македонските фудбалери до 17 години завршија со три порази на евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја заврши својата авантура во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство без ниту еден освоен бод. Во финалното трето коло, нашите млади фудбалери загубија во Крањ од домаќините Словенците со убедливи 4-0.

Избраниците на селекторот Влатко Колев се наоѓаа во незавидна ситуација, бидејќи по првото полувреме губеа со два гола разлика. Јереб отвори резултатот за Словенија во 11-та минута, а Балажиќ ја зголеми предноста во 42-та минута.

Во продолжението на натпреварот, Јереб постигна уште еден гол во 82-та минута, а конечниот резултат го утврди Робин во судиското продолжение.

Македонската селекција, во претходните два натпревари, претрпе идентични порази од Германија и Франција со 2-1, што резултираше со последното место во квалификациската група А1.

Прочитајте и:  САД одбија визи на неколку ирачки репрезентативци пред Светското првенство 2026 година