Македонскиот културен центар во Загреб доби признание од Филозофскиот факултет

На директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, ѝ беше врачена благодарница од страна на деканот на Филозофскиот факултет во Загреб. Ова признание беше доделено во знак на успешната соработка и поддршка во изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура. Настанот, што се одржа во големата сала на Универзитетот во Загреб, се случи по повод прославата на 150-годишнината од основањето на Филозофскиот факултет. Деканот Домагој Тончиниќ, во својот говор на оваа свеченост, особено подчерта значењето на научното проучување на светските јазици во рамките на оваа институција, каде се изучуваат 28 јазици, вклучувајќи го и македонскиот. Благодарници исто така беа доделени на различни министерства, амбасади и културни центри кои придонесуваат за јакнење на билатералните односи со Филозофскиот факултет. Настанот овозможи присутните да ја почувствуваат и слушнат јазичната различност, благодарение на студентите кои читаа текстови на мајчините јазици на добитниците.