Македонскиот дрес се носи со гордост: За Македонија ќе играат најдобрите, никого не молиме!

Од улиците на Струмица до самитот на европскиот фудбал. Од соништата на детството до историјата која ќе остане запаметена засекогаш. Ова не е само приказна за фудбал; ова е животна лекција за упорност, скромност и бескрајна љубов кон родната земја.

В нашата специјална емисија ќе го следиме патот на Горан Пандев, човекот кој стана симбол на надежта и обединувачка сила за нашиот народ. Ќе се потсетиме на неговите први чекори во фудбалот, на годините поминати во Лацио, Наполи, и незаборавната сезона во Интер, кога ја освоиа речиси сета слава – вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

Но, она што посебно ќе го паметиме е моментот кога, предводејќи ја Македонија, ја впиша нашата држава во историјата на Европското првенство. Со Горан ќе разговараме за тие магични мигови на слава, за личните жртви кои стојат зад успехот, за неговото семејство, пријателите и тимовите кои му го промениле животот.

Што значи да останеш скромен, дури и кога светот ти аплаудира? Каков е животот по последниот свиреж на судијата? И што носи иднината за капитенот?