Во Брисел вечер од 18 часот ќе се извлечат групите за Лигата на нации во сезоната 2026/27.
Македонската репрезентација е сместена во четвртиот шешир (група Б), заедно со екипите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои ќе избегне да се соочи.
Можните ривали на „црвено-жолтите“ се:
– Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска и Израел.
– Втор шешир: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина.
– Трет шешир: Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.
Шесте кола ќе се играат во периодот од септември до ноември 2026 година, додека четвртфиналињата, плејофот и финалните турнири се предвидени за март и јуни 2027 година.




