Македонската ракометна репрезентација поразена од Холандија во Вараждин

„Можеби Холандија е подобра од нас, ама се боревме многу и верувавме дека можевме до позитивен резултат“, вели селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево загуби од Холандија со 32:37 во второто коло на Светското првенство во Вараждин.

Последната шанса на нашите ракометари е на последниот меч против Гвинеја во недела во 18 часот. Потребна е победа за пласман во следната фаза од ракометниот мундијал.

Фото: МИА

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, им честиташе на Холанѓаните.

„Можеби Холандија е подобра од нас, ама се боревме многу и верувавме дека можевме до позитивен резултат“,

рече тој.

- Реклама -