Македонската делегација, која брои четири спортисти и е предводена од Цветанка Макаровски, шеф на делегацијата, пристигна во Милано. Утре, ќе се одржи свеченото отворање на 25. зимските Олимписки игри.
Церемонијата на отворањето ќе се случи во петок, 6 февруари, на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано. Натпреварите ќе се одвиваат не само во Милано, туку и во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо. Свеченото отворање е предвидено да започне во 20:00 часот по македонско време.
Знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.




