Македонија треба да ја совлада Романија, а потоа ќе ја поддржи Данска.

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во Хернинг ќе одигра важен натпревар во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, македонските играчи ќе се соочат со репрезентацијата на Романија.

По нерешениот резултат со Португалија (29:29), Македонија ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе се утврди дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во следната рунда, во група со тимовите на Франција, Норвешка, Германија, Шпанија и Данска.

За Македонија, за да продолжи во Топ 12, потребна е победа над Романија, при што би било идеално да биде убедлива. Потоа, потребен е и триумф на Данска над Португалија со значајна предност.

По првите две рунди во Б групата, Португалија има гол разлика од +6, додека Македонија е на -12.

Foto/ EPA