Македонија ја пречека „автомобилот на годината“ – BMW iX3

Компанијата М Кар, официјален увозник на BMW за Македонија и Косово, денеска во Скопје го претстави новиот BMW iX3. Овој модел е првиот на новата револуционерна платформа Neue Klasse, што означува почеток на нова ера за познатиот автомобилски бренд. Возилото веќе освои бројни престижни награди за автомобил и електрично возило на годината.

Neue Klasse: Најзначајната технолошка трансформација во историјата

Новата платформа комбинира врвна електрична технологија, напредна дигитализација и динамика при возењето. Од компанијата М Кар објаснуваат дека оваа архитектура ќе служи како основа за повеќе од 40 нови модели и технолошки подобрувања до 2027 година. И покрај радикалните измени во софтверот и хардверот, главната цел на брендот останува иста: да пружи познато задоволство при возењето.

Батериски систем од 800 волти со досег до 805 километри

Моделот е опремен со шестата генерација на BMW eDrive технологија, што овозможува поголема ефикасност и побрзо полнење. Со капацитет за полнење до 400 киловати, батеријата може да се наполни за само 10 минути, обезбедувајќи дополнителен досег од 372 километри. Комплетната ефикасност на погонскиот систем му овозможува на возилото автономија до рекордни 805 километри според WLTP стандардите.

Четири централни компјутери управуваат со функциите на возилото

Новата електронска архитектура се потпира на четири високо-перформансни компјутери, наместо на десетици индивидуални контролни единици. Овие централни системи управуваат со возењето, инфозабавата и безбедносните асистенти, обезбедувајќи 20 пати поголема компјутерска моќ во споредба со претходните генерации. Дополнителен систем, по име Heart of Joy, работи до 10 пати побрзо од претходните решенија и функционира како централен нервен систем за возна динамика.

Прочитајте и:  Андоновски: Комплексна дигитализација на системот за издавање и надзор на лиценци

Дигиталниот ентериер го менува начинот на интеракција со возачот

Визуелниот идентитет на автомобилот се одликува со минималистички дизајн, нова светлосна графика и вертикална бубрежна решетка. Во кабината е воведено ново ниво на интеракција преку софтверот BMW Operating System X и панорамскиот приказ на информации. Проектирањето на сите клучни податоци е директно во природната линија на видикот на возачот, што ја зголемува безбедноста при возењето.

Производството во Дебрецин е независно од фосилни горива

Овој модел поставува нови стандарди за одржливост преку имплементација на принципите на циркуларната економија. За време на производството, се зголемува употребата на секундарни и рециклирани материјали со цел да се намалат емисиите на штетни гасови. Фабриката во Дебрецин, каде што се склопува моделот, е дизајнирана да работи без користење на фосилни горива под нормални услови. Новиот BMW iX3 50 xDrive е веќе достапен за македонските купувачи по почетна цена од 79.860 евра.