Македонија доминира во Прешов, веќе сме блиску до учество на СП 2027!

Ракометната репрезентација на Македонија успешно ја заврши својата задача, остварувајќи убедлива победа на гостувањето кај Словачка со резултат 31-24. Овој натпревар беше првиот од баражите за Светското првенство, кое ќе се одржи во 2027 година во Германија.

Со овој значаен триумф, тимот под водство на Лазаров се наоѓа на добар пат кон уште еден ракометен Мундијал, што би било десетто учество по ред за нашиот национален состав.

Најефикасен играч во нашата екипа беше Филип Кузмановски, кој постигна десет голови, додека Милан Лазаревски придонесе со седум. Кај Словачка, Бриатка и Махач успеаја да реализираат по четири гола.

Голманот Мартин Томовски покажа завидна форма, односно изведе девет успешни интервенции во клучните моменти на натпреварот.

Реваншот меѓу Македонија и Словачка ќе се одигра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во недела, со почеток во 19 часот.