Македонија чека ривали за ЕП од третиот шешир

Најсилната ракометна репрезентација на Македонија повторно ќе биде амбасадор на нашата земја на едно големо натпреварување, овојпат на европскиот собир кој ќе го имаат најдобрите селекции наредната 2026-та година.

Избраниците на Кирил Лазаров ја исполнија мисијата и со две победи обезбедија нов билет за континенталниот собир, а клучна дефинитивно беше вчерашната партија против Литванија во диреткната пресметка за второто место во групата.

Според собраниот ЕХФ коефициент, Македонија сега ќе чека противници за Европското првенство од третиот шешир, па Европската Федерација го објави целосниот изглед на барабаните со сите селекции подредени во квалитативен редослед.

Македонија е во третиот шешир и сигурно е дека не може да игра со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска, селекции кои се во исто опкружување како нашето.

Повеќе тука