Во Гостивар утрово има појава на магла и ниска облачност, која според метеоролошките прогнози во текот на денот ќе слабее. За возачите препорачна е зголемена внимателност, а за лицата со респираторни проблеми и кардиоваскуларни болести да го намалат времетраењето на престој на отворено.
Автомото сојузот на Македонија соопшти дека поради магла, намалена видливост од 50 до 100 м има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ со потсетување дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15.03.2025 година.