Maгла претпладне, облачно со врнежи од дожд и снег попладне

Минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 2 до 9 степени

По утринската магла и локална облачност по одделни котлини, преку денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и снежни врнежи на повисоките места и планините.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови од земјата со умерен интензитет.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 2 до 9 степени.

Времето во Скопје ќе биде магливо во претпладневните часови, а преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе се движат од минимални -4 до максимални 4 степени.

- Реклама -