Маѓар: Четири министри во новата унгарска влада одобрија вето

Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека четворица министри во новата влада добиле право на вето при носењето на владини одлуки. Тој истакна дека оваа мерка е резултат на сложеноста на реформите и задачите кои ја очекуваат земјата. Според него, министрите за здравство, правда, образование и финансии ќе имаат можност да стават вето на одлуките на владата, поради, како што нагласи, „особено комплицираниот политички циклус“ и потребата од реализација на значајни промени и реформи.

Новата влада официјално ја положи заклетвата во унгарскиот парламент, со што се конституираше извршната власт. Претходно, унгарскиот претседател Тамаш Шујок на свеченост во Будимпешта ги именуваше министрите согласно предлогот на Маѓар. Претседателката на парламентот, Агнеш Форштофер, потоа најави дека со овие именувања, владата на Унгарија е официјално формирана.

Прочитајте и:  Шкендија забележа индискутабилна и висока победа против Европа во КЛ