Мафијата планирала киднапирање на Ван Бастен, но се откажале за да не му нанесат штета на Интер против Милан.

Марко Ван Бастен се смета за една од најзначајните фигури во историјата на фудбалот. Своето професионално патување го започна во Ајакс во 1981 година, а во 1987 година премина во Милан, каде што играше до крајот на кариерата во 1995 година.

Во времето на Силвио Берлускони, Ван Бастен беше централна фигура и најголема ѕвезда на тимот, со кој освои три титули во Серија А и два Купа на шампионите.

Со холандската репрезентација, Ван Бастен стана европски шампион во 1988 година, а неговиот гол во финалето против СССР е запаметен како еден од најубавите во фудбалската историја. Освоил и три престижни Златни топки во 1988, 1989 и 1992 година.

Односот помеѓу италијанскиот фудбал и организираниот криминал достигна краен зенит во времето кога Ван Бастен играше во Серија А.

Во неодамнешно интервју за „Кориере дела Сера“, поранешниот мафијаш Џампаоло Манка откри дека Ван Бастен бил цел на Ренато Валанзаска, лидер на криминална организација во регионот Венето.

Прочитајте и:  Побрзо преминување на границата: Хрватска најави привремени олеснувања за патниците

„Имавме блиска врска, а Ренато, како и јас, беше голем обожавател на Милан. Ми соопшти дека планира да го киднапира Ван Бастен и да бара откуп. Неговите соработници го следеле играчот со месеци“, вели Манка.

Сепак, по неколку месеци подготовки, Валанзаска се откажал од планот за киднапирање.

Причината е неверојатна – Валанзаска решил дека ако го киднапира Ван Бастен, ќе направи услуга на градскиот ривал Интер, бидејќи многу го сака Милан.

Манка, сега со 72 години, половина од својот живот поминал во затвор. Пред тоа, неговата организација Мала дел Брента тероризирала регионот Венето, ангажирајќи се во грабежи, киднапирања, убиства и трговија со оружје и дрога. Италијанската полиција го барала речиси 20 години, а бил уапсен во 1993 година.