Најави дека во текот на месецот очекува лидерска средба во рамки на владејачката коалиција, која би ја свикал мандатарот, односно премиерот Христијан Мицкоски
Класично политичко лицемерие и ловење на евтини политички поени. Ова вечерва во гостување во ТВ Сител го рече Максим Димитриевски, лидерот на движењето ЗНАМ-За наша Македонија и градоначалникот на Општина Куманово, коментирајќи го повикот на Социјалдемократскиот сојуз да се организира лидерска средба поради безбедностана состојба на државата по последните случувања за време на прпславата на Денот на албанското знаме, кога се сквернавеа национални симболи.
„Тие до вчера беа на власт, видовме како практикуваа власт. Имаше вакви или слични појави и во минатото и секогаш отстапуваа. Не преземаа ништо“,
рече тој.
Најави дека во текот на месецот очекува лидерска средба во рамки на владејачката коалиција, која би ја свикал мандатарот, односно премиерот Христијан Мицкоски.
Посочи дека досега не разговарале со претставници од коалицијата „Вреди“.
„ЗНАМ како владин партнер и за партиципирање во власта има разговарано со претставници на ВМРО-ДПМНЕ. Ги имаме усогласеени политиките. Досега немаме разговарано со ‘Вреди‘ и се надевам дека во следниот период отворено ќе седнеме и ќе разговараме како партнери за сите отворени прашања, вклучително и за истакнување на државните знамиња и симболи“,
кажа Димитриевски.
Новоизбраниот генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Александар Димитријевиќ вчера рече дека граѓаните сакаат да ги видат политичарите заедно на маса и сите лидери на парламентарните партии да испратат порака во која ќе се наведе дека Македонија останува стабилна држава.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека ќе размисли за повикот на СДСМ да се одржи лидерска средба за стабилноста на државата, иако според него во моментов нема потреба за такво нешто.
Опозициската СДСМ вчера побара да се одржи лидерска средба, откако изминатите денови се случија инциденти со палење на државното знаме.