Лос Анџелес Лејкерс добија нов сопственик

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс сега има нов сопственик, а вредноста на сделката е проценета на импресивни 10 милијарди долари.

Семејството Бас одлучи да го продаде својот мнозински пакет на акции и да ја предаде легендарната франшиза на милијардерот Марк Волтон, сопственик на Лос Анџелес Доџерс.

Волтон, заедно со група инвеститори, ќе му исплати на семејството Бас десет милијарди долари за 66 проценти од сопственоста на овој реномирани НБА клуб. Ова значи дека вкупната вредност на Лејкерс би можела да достигне впечатливи 15 милијарди долари. Џини Бас ќе остане гувернер на клубот и по промената на сопствеништвото.

Со оваа промена, семејството Бас првпат од 1979 година не ќе биде мнозински сопственик на Лејкерси, кога Џери Бас ја купи франшизата од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.