Локатели го продолжи договорот со Јувентус за следните сезони.

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи својот договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино.

Локатели е дел од Јувентус од 2021 година и оттогаш има одиграно 224 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет голови и 17 асистенции.

„Сите се сеќаваме на моментот кога Мануел, со голема емоција, изјави дека отсекогаш бил навивач на Јувентус. Продолжувањето на соработката е природно продолжение на неговото растечко лидерство на теренот и цврстата посветеност на црно-белите бои, што во целост се совпаѓа со вредностите и амбициите на нашиот клуб“, истакна извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли.

Во текот на својата кариера, Локатели играше и за Милан и Сасуоло.

Прочитајте и:  Викенд на граничните премини – на ГП Дојран создадени километарски колони за Грција, излезени 22.000 патници од Македонија

Јувентус се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А со 60 бода, а во недела ќе се соочи со Болоња во 33-то коло.

Фото/ Depositphotos