Откривање на апликации со „виџети“ на Android станува полесно

Преку објавување на блогот за Android програмери, Google најави подобрување на процесот за пронаоѓање на апликации во Play Store кои поседуваат “виџети”. Корисниците ќе имаат опција конкретно да ги пребаруваат овие апликации, а исто така ќе има и посебна секција посветена само на нив. Google воведе три новости што наскоро ќе станат дел од Play Store и се поврзани со овие видови апликации.

Сега, при пребарување на апликации, ќе се воведе нов филтер специјално за да се бараат апликации со “виџети”. Дополнително, тие апликации што содржат вакви информативни и контролни картички за главниот екран ќе бидат означени со нова ознака во нивните детали.

На крајот, Google објави дека ќе има посебна секција за апликации со “виџети”, што ќе овозможи корисниците не само да пребаруваат, туку и да ги откриваат новите апликации кои компанијата ги препорачува. Според најавата, оваа промена може да се очекува наскоро, па така останува да ја видиме оваа иновација во Play Store кога ќе биде официјално достапна.